Tuesday, April 9, 2013

Твитер прашалник @goxo

Твитер прашалник @goxo


1. Име (ник, кој ти го стави)?
Најверојатно имав осум годинки кога го заработив прекарот, веднаш откако се преселивме во Аеродром. Знаеш, Горан е толку ретко име па мораше некако да се вклопам во групата маалски џаболебари во времето кога децата навистина играа игри. Исто и Гоксо е многу редок прекар, но неисе.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Непоправлив оптимист, малку реален, малку луциден, малку строг, малку благ, малку горчлив, никогаш кисел.

3. Зошто си на твитер?
За да следам, да се информирам и да информирам, да споделувам битни и помалку битни работи. Затоа што е скоро невозможно да бидеш добар новинар без твитер профил.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Месец април во Феникс, Аризона. Бар со име Брик. Околу 30 степени. Ладно пиво и добро друштво. Наоколу палми и среќни луѓе. Погледот кажува се’. 

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Кој може да те заебе ако не другарите @Necovski и @MiRoDeSpOt. Се шегувам нели. Твитер е прекрасен ако научиш да го игнорираш шумот, кој мора да постои.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Кои се овие луѓе?


7. Каде сте родени?
Во истото она Скопје кое Дарјан го опиша.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Сан Диего, Калифорнија. Иако, можеби еден месец е многу, а меден е малку.


9. Брак?
Не ми се допаѓа многу терминот. Ако сте вистински партнери од секој можен аспект, рамката на заедничкиот живот е комплетно небитна. Битно сте ја нашле среќата.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Во човек.

Дополнителни прашања

1. Новинарството у Македонија?
Можеби ќе звучи чудно, но во Македонија постојат екстремно добри и професионални новинари, кои се подготвени да жртвуваат се’ за слободата. Замислете црна дупка, како оние на Стивен Хокинг, која впива се’ околу себе освен неколку мали ѕвезди што упорно продолжуваат да светат силно, пркосејќи и’ на немилосрдната сила на гравитацијата. Само не знам уште колку долго тоа ќе трае. На крајот, верувам дека црната дупка ќе прегори.

2. Колкав товар е славниот татко?
Голем товар, но и голем предизвик. Понекогаш е добро, понекогаш е лошо, зависи со кого зборуваш. Во секој случај, татко ми е мојот идол и не верувам дека некогаш ќе го престигнам на професионален план, но тоа не значи дека ќе престанам да се трудам. 

3. Шо вика он, ќе те биде ли?
Како мислиш дали ќе ме биде? Еве ме, ти пишувам.

4. Твитерџика за на пуст остров?
Да.

5. Денеска ти е роденден, кај е прославата?
Секоја година на овој ден се’ повеќе се запрепастувам од непроценливата вредност на времето. Прославата, ако може така да се нарече, се случува цел ден на социјалните мрежи. Да не беа Твитер и Фб ќе мислев дека има малку добри луѓе на светов.
Вечерва играм фудбал со другарите, ќе славиме на терен.


6. За шо жалиш у животот?
За изгубеното време и пропуштените шанси.

7. Доколку не би бил новинар, шо би одбрал?
Веројатно писател или некој друг вид уметник. Иако во моментов не можам да се замислам како ништо друго освен новинар.

8. Скопје е ______?
Споменик.

9. Шо мислиш за емисијата на Нечовски у Калдрма, дали му е само за гага пијачка?
Идејата е одлична, а гостите скоро совршени. Треба да поработи малку повеќе на техничките моменти, да има помалку бука и подобар и почист тон. Емисиите да бидат пократки и тематски, во зависност од гостите, а прашањата внимателно одбрани. Да сними неколку најави и да воведе стални рубрики. Но, сето тоа не е лесно да се направи кога имаш day time job.
Која пијачка?

10. Омилена песна? Зошто?
Различни песни за различно расположение во различни периоди од денот, месецот, годината. Деновиве многу ја слушам Buldozer од Bernays Propaganda.