Ти можеш за двајца
„Ти можеш за двајца“
Pending Coffee Иницијативата го организира својот прв настан во четврток, на 25-ти април, во 20.30 часот, кој ќе се случува во Кафе-Книжарница Магор. Идејата позади овој настан, е да започне една иницијатива од хумантирен карактер. Имено, со секое испиено кафе, а платено второ, второто да биде за некој кој не може да си го дозволи истото. Оваа идеја функционира беспрекорно во други земји, и оваа Иницијатива е прва од ваков карактер во нашата земја.
За почеток, додека да се стекне навика и додека идејата да почне да функционира во својата основна форма, сретствата собрани од настанот ќе овозможат кафето и храната да бидат однесени на оние за кои се наменети.
Станува збор за истакнување на основните човечки вредности, хуманоста, довербата дека идејата нема да се злоупотреби и храброста да се преземе ризикот во ова општетсво да се направи нешто бескомпромисно добро. Се во еден филџан кафе. Навистина, секој од нас може за двајца!