Saturday, April 6, 2013

Твитер прашалник @GoranAsRoma

Твитер прашалник @GoranAsRoma
1.Име (ник, кој ти го стави)?
GoranАsRoma за Инат на лацијалец и енес!...се шалам,сам си го ставив од љубов кон as roma.

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Рајан гослинг може вода да ми носи #хехе

3. Зошто си на твитер?
е зошто де?

4. Шо преставува вашиот аватар?
Layne Staley ,фронтмен на Alice in Chains,за мене најдобар вокал и текстописец на сите времиња (инаку ја имам таа чест пРашалникот да го пополнувам на 11 годишнината од неговата смрт)...седи Лејн сега, таму некаде во некој ќош и меша коктел,а Курт со нетрпение чека да го упука у вена...ги сеќавам.

 5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
@kuzevski  @darko156  и @sead сЕдеа кај мене у дневна,зјапаа во телефоните,се смееа и ме убедуваа дека твитер е подобар од фб.во тој момент,тоа беа најголемите морони што дотогаш ги бев видел!

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?

7. Каде сте родени?
„Јас сум од Титов Велес“.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во централна Полска,село Бојаново,а за меден-Cape Cod Massachusetts,таму и би останал да живеам.

9. Брак?
Да,верувАм.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Sloth (немам ништо заедничко со мрзата ама види го бе какво е не Можам да престанам да го гледам)

Дополнителни прашања
1. Среќен ли си?  
Фалат уште некои коцкички за мозаикот на среќата да ми биде комплетен.

2. Како може да и тргне на Македонија?
Само со дигање на клоци!

3.Ако го затворат Твитер шо понатаму?
Немам гајле, горенаведените во одговор на прАшање бр.5 ќе го покажат патот.јас само ќе ги следам :-).

4.Трошаџија или Шпараџија?  
ТрошаЏија со ниет да стане шпараџија.

5.Шо би одбрал супермоќ или супермозок?
Еднаш, еден другар ми рече: „тебе ако ти дадеме моќ ќе ни ебеш матер на сите“...шо сакаше да каже се уште не знам,а ретко грешава...тАка да арно ми е вака,без моќ и без мозок.

Прашања од @darjanr :
1.Каква е разликата да си цимер со @kuzevski ергенот и @kuzevski грузискиот зет? 
Грузиски? Мислиш,ерменски зет? За ова ќе одговараш лично пРед Хрипсиме Ховикијам Кузевска! А разлика нема..вол си е вол.

2.Каква е љубавната акција на твитер деновиве?
Не сум у тек шо се дешава денОвиВе.колку шо успеав да ѕирнам и запамтам:чејс го пукна депресија,момиче е сингл,иренаxxx се уште растура у трета смена,сафет се уште не ебе...

3.Дејт кај тебе дома со твитерџика, која би ја избрал и кое велешко мезе би и го спремил?
Мезе по нејзин избор.јас како прочуен махер у кујна не би имал проблем да и удоволам.палам свеќите,зимам гитарата и ја викнувам  
а на прашањето која би ја избрал,некако не ми се одговара.ете некогаш ако го прочита прашалников ќе Си знае дека додека го пишувам ова,мислам на неа :-).

4.Што ви е главна тема на муабет во сумљивата групировка со @rnixn, @NikolaStrez и @Kobayagi?

Реал-Мадрид-Леванте гг3+
Ливерпул-ВестХем 1 и 3+
Фиорентина-Милан Т1 2+
ВБА-Арсенал 2 и 3+ ....
шо ти беше прашањето?


5. Кога велешани ќе организираат еден твитап на бродот на Велешко, да се љуља све? 
Истиот ден,Кога ќе ми ја покажеш Аве цезар на слика :-)

Следен @PetarZil