Wednesday, April 17, 2013

Твитер прашалник @Publishermkd


Твитер прашалник @Publishermkd 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Publishermkd. Хм, ваљда сакав да биде нешо поврзано со објавување на (небитни) информации а само Publisher веќе беше зафатено, па морав да си стаам географска определба на името. Нели билатерални прашања се актуелни, па ај...

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Поучен од дедо ми: најубав и најпаметен. Ама нема до него Кожувчанка коа го кажува ова за да му поверувам, така да би кажал ’твитерџија’  

3. Зошто си на твитер?
Прва причина е шо мразам да седам по портали и да читам вести а сакам да сум ап ту дејт, па нели со оглед на тоа шо твитер е лајф стриминг, совршено ми одговара. Второ, убаво е да се изнапцуеш негде некад коа не ти се оФчичките на број (а доста често не ми се) а притоа да не се разочара некоја седма тетка шо те има на фејсбук. Третата причина се појави откако дојдов на твитер а тоа е #третасмена. Уживам во ноќта и добро е кога има и некоја таква занимација покрај сите други ’активности’ навечер. А и глеам колку манијаци исти ко мене има по социјалните мрежи и се тешам, till the morning makes me angry (ко шо би рекол Jamie Woon у Night Air).

4. Шо преставува вашиот аватар?
Аватарот ја претставува длабочината на мислата, моментот кога се загледуваш во една точка и се губиш во новоформираниот универзум од мисли и претпоставки. Се заебавам, јас сум на аватарот и не претставува ама баш ништо посебно.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
На твитер дојдов сам. Читав некои статии за социјални мрежи и нивниот развој (не се сеќавам кај беше) и ми се допадна плавата птичка (не бидете перверзни има Т у зборот!!!) па ај да видам шо се случува.
Заебан сум од аспект на интензивно трошење на батерија на мобилен. Иначе не.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Кафе. Затоа што секоја друга замисла за совршенство не може толку лесно да се реализира.

7. Каде сте родени?                
Во срцето на Македонија. Во левата преткомора, на излезот на белодробната артерија, или народски кажано, Поликлиника Чаир - Скопје.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би сакал некоја од големиве светски метрополи, само за да сфатам колку уствари не сум за у такви неподносливи гужви а сепак да проживеам малце и од тој живот, ама кога веќе би бирал едно место, нека биде the one and only NYC.
Меден, Кејптаун.


9. Брак?                        
Не знам.

10. Ако се реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Blue Jay. Со карактеристиките не можеме поблиски да сме. Така, не би мењал многу од она што сум сеа, а сепак би се реинкарнирал у животно.

 А ако е реинкарнација по начин на живот ко чоек, мрзливец ќе сум.  

Дополнителни прашања
1.Зимо или лето?  
Лето. Се бапнеш негде на кафе, под сенка, под оние вентилаторине шо прскаат вода и уште па поглед накај море ако имаш...

2.Омилена детска игра?
Жмурка. Поклише одговор не можев, ама ај па да не ми е интересно шо се пикавме под коли а у есен се трупавме едни со други со паднати лисја од дрва.

3.Видео игрици играиш?
Не многу. Age of Empires ми е при срце ептен и NFS било која едиција. Другите, слабо.

4.Кога си се посрамил најмногу?  
Секад ко ќе ми текне на моментот кога ги прашав моите дома, пред некои си 10 години, шо е разликата меѓу инспирација и мастурбација. Зборовите ми завршуваа исто и мислев дека се некако поврзани, јеби га. 

5.Колку книги годишно читаш?
Страшно малку. Сеа сум у некој транзиционен период, англиска литература фатив годинава, така да, ако се улетам, може и да си ги поправам изминативе две години поминати ко пасивен читач.

Прашања од @imedime
1.Дали јадеш се што објавуваш на слики и зошто толку многу?
Нормално дека да.  Како иначе би си ја задржал својата страшно добро оформена топчеста фигура?! J

2. Колку експлозиви до сега си направил по дома?
Штом го пишувам ова, ниту еден J Шала на страна, заебана работа се експлозивите. Мала разлика у тежина (0,01g) може да е доста фатално. А по некоја случајност, дигитална вака до трета децимала неам дома. J

3. Што треба да има едно кафе за да биде совршено?
Две лажици кафе (нес или обично), што помалку шеќер, малку млеко и правиот кафе – партнер.

4. Каде живееш и зошто не во Скопје?
Живеам во Топанско кое според цената на таксито до Центар е многу поблиску до Скопје, отколку  Ново Лисиче и Влае. There, I said it! J

5. Истите опинци ти се од првиот ден на играорна или нови имаш купено?
Колку чудно и да звучи, неам мои лични опинци у еве веќе 11 години активен фолклорен живот. J Друштвото секогаш имало доволно опинци за настапи, а за на проби златна старка од пазарче, таман ми доаѓа. J