Wednesday, April 3, 2013

Твитер прашалник @PaliKukja

Твитер прашалник @PaliKukja

1. Име (ник, кој ти го стави)?
Јана Рафајлоска стоп Паликуќа стоп кога бев мала се качував на черешна и пеев како оџа, бев голема бељаџика и дедо ми ме завика Ибе Паликуќа стоп ми го украдоа гејмерскиот ник Рафаеја ама нема везе, баба везе, а и овој е покул стоп

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Ти си тоа што правиш во слободно време – Стара моја поговорка
Гејмам на
Asian Mode, се теретам со слободни тежини, сакам да готвам без инстаграм,  да водам љубов на јавни места и мразам правила

3. Зошто си на твитер?
Единствената социјална мрежа на која можеш да шероваш дирекно од порнхаб

4. Шо преставува вашиот аватар?
Нашиот аватар ме преставува мене додека чекам да почне игра, после сум излигавена од пцуење по нубови

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Првиот пат ме донесе
AoL и уште ми ги должат тие 100 мегабајти слободен простор! Не ме заебаја ама мамата да им ја ебам, голем гагач сум , кур да е, муфте да е, си ги барам 100те мегабајти!!!

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Кај е линкот за 100те мегабајти!?

7. Каде сте родени?
Бабицата што требала да ја породи мајка ми земала боловање (во вечните пасишта) дента пред да се родам јас и така географската положба на моето раѓање од Требеништа се преместила во Струга

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во интернационалната вселенска станица, а на меден во тајната америчка база на месечината.
-Шо бе немет!? Ништо не знајш! Гитла на фејсбук!

9. Брак?
Искрено се надевам ќе го надминеме медиумскиов брак и ќе ни се врати независното новинарство...

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Никој не прашува што сакаш да се реинкарнираш, на толку гаѓани сојки со воздушна ми нема бегање, то е...

Дополнителни прашања
1.      Постое ли Оаза уште?
Што бараш рогој во Оаза... Ој кај вујнати!

2.Шо е Дрим за стружани?
Дрим за стружани е што шлиц му е на минич

3. Чекај не сум сигурен дека си од Струга?
Од Струга сум колку што е пицата од Италија

4.Омилена песна?
Омилена песна мене ми е комплексен број од дејствие, околина и актери. Лонг стори шорт, сакам да слушам Болеро и со мачети враце да измасакрирам се што мрда во зградата на владата!
Гууууусфрабааааа...

5.Зошто хрватите за шпорет викат штедњак каа троше упм?
Во моментот кога му го донесоа името, хрватите се расфрлаа со имиња за предмети како конвој на ОН со леб во Африка. Среќа што не го викаат бело-топлически паралелоидњак

Прашања од @IsakSheytan

1.Веруваш во порно на прв поглед?
Верувам во
thumbnail на прв поглед

2.Да беше машко како кој сакаш да бидеш?
Како тебе

3.Во кој филм сакаш да живееш?
Ако смеам да останам вечно млада сакам во Lord of the Rings, инаку  радо би му го скинала доводот за кислород на Брус Вилис во Армагедон

4.Ибица или Тибет?
Во 6 поручек да ме чека Lockheed SR-71 Blackbird во Ласа, а во 6 наутро во Барселона

5.Помисла што ја носиш секој ден?
Како да го зголемам бројот на мензиси до менопауза и да ми е интересно патем. Јебига самтајмс гренма Златејце