Thursday, April 25, 2013

Твитер прашалник Marija______

 Твитер прашалник Marija______ 
1.Име (ник, кој ти го стави)?
Марија – дел од изводот на матичната книга на родени , едно од поретките имиња во Македонија , па затоа ми требаа едно пет-шес (ни ја не знам колку се) црти за да не е зафатено . Foxy лејди позајмено од лектирата на нашиот ни Џими , зошто сум sweet little lovemaker #хехе

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Надвор од кутијата , подалеку од бетонот . Вечен идеалист . Филмохолик , алкохолик , спортохолик , метеопат . Каде има журка , таму сум и јас .


3. Зошто си на твитер?
Доста пари си фрлив кај tattoo артистот , на психијатар не ми се иде , па тука фикс идеите и мисли си ги кажувам , а кога ќе се поднапијам ме спасува да не му пишувам пораки на дотичниот , па си куцкам љубовни јадови  

4. Шо преставува вашиот аватар?
Илустрација од Fab Ciraolo . Никогаш не научив да седам како женско , си пцујам како кочијаш , ама се трудам да имам шаренила и насмевки во моето секојдневие . Треба да ја едитирам цигарата , во фаза на оставање сум , еден порок помалку

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Никој конкретно , си реков дај да видам што е тоа и си отворив профил . Не се каам , ама кога малце ќе ми дојде преку глава знае да ме снема на некое време

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Ретвит на Nas “I never sleep cause sleep is the cousin of death”

7.Каде сте родени?
Во погрешен век дефинитивно

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Лондон и да си останам таму . Трпејца

9. Брак?
Ај ќе си го преќутам ставот зошто како што ми тргна со Марфи за девојачко ќе добијам сукало и торта машки полов орган , ќе бидам осми месец трудна на свадба и ќе ми свират Био Ритам

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Жирафа . Не сакам да се откажам од високата перспектива на околината

Дополнителни прашања
1.Веруваш ли во 10тото прашање
Верувам дека духот никогаш не умира

2.Кој сакаш да те глуме у филм?
Rooney Mara дефинитивно

3.Омилен споменик?
Христијан Тодоровски – Карпош . Многу бардаци , пиво и спомени на клупите околу него 

4. Каде за Нова Година, за мајот е апсолвирано веќе?
Се надевам со постојано живеалиште надвор од државава

5. Колку се мислиш на прашањата ?
Доволно


Прашања од @Elena_Shore

1.Како ја замислуваш твојата астрална проекција?
На магично килимче да си леткам низ времето , да се потсетам што беа вредности , вистинска љубов , простор со повеќе зеленило место бетон . Ако не може така да бидам WALL·E , да се заљубам во Eve и да ги потсетам луѓето за што им служат нозете 



2.Имаш можност да укинеш или измениш постоечки закон.Кој и што ќе биде тоа?
Зошто да ти одговорам на прашањево кое се однесува на држава во која нема еднакво владеење на правото ? 

3.Кој може да биде инспирација за твоите романтично-меланхолични твитови?
Што би рекла една моја другарка “Како бе цело време рипаш од шупак на шупак? “ Така да или мојот бес кон себе или мојата мечта да доживеам љубов каква посакувам 

4.Што е љубов?
Зрела емоција на две индивидуи кои еден покрај друг станале подобар човек , не за себе туку за другиот 

5.Рецептот за позитивност кажи ни го.
The child in me defines the way I see miracles :D 

Следна да биде @SreknoDete