Thursday, April 18, 2013

Твитер прашалник @KokiCvetanoski

Твитер прашалник @KokiCvetanoski 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
- Сам си го ставив. Кога дојдов на твитер сакав да сум kokixd како и што сум секаде низ нетов, ама некој попаметен и побрз дошол пред мене на твитер. Иначе во РЛ правилното име ми е ставено според лик од емисија шо моите ја глеале на ТВ.

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
- Мајка ми вика дека сум убав и смешен. Што знам.

 3. Зошто си на твитер?
- Дојдов на твитер за да престанам да си зборам сам со себе и планирам еден и на дедо ми да му отворам. Дојдов и да поднаучам нешто граматика пошо тука се нели боговите и лекторите. Башка мисија ми е сите на фб да ве најдам, мањо да будем хехе

4. Шо преставува вашиот аватар?
- Се што не сакам моето поколение да биде. Имав сменето 3-4 аватари до сега, ама овој мислам дека ќе остане за секогаш во знак на протест против семејно насилство. Под семејно насилство во аватаров подразбирам оставање ултра селска џигерица-фризура на децата од страна на родителите.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
- Сам дојдов и мислам дека не се заебав. На твитер научив дека НЕ ЗНАМ се пишува одвоено...

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
- Коце почни да ги храниш чавките со јагодки пошо срањата многу лошо им смрдат.

7. Каде сте родени?
- Сељак да будем со муабетов али – роден сум во болница, а направен сум во кола.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- На еден месец у Винтерфел, а на меден со шатори на Смоларски водопади

9. Брак?
- Пред да завршам факултет и да најдам работа не. Значи никад.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
-Бик, пошо има муда за разлика од мене. 



Дополнителни прашања
1.Колку коња ти е колата а колку плоштадот ?  
- Кола неам, а плоштадот... Не знам, само до 1000 знам да бројам.

2. Кој е најбољи твитерџија?
- Уф... тука треба ептен гз да лижам. Не знам, повеќе има. Не можам да ги делам. (види hint) Јас.

3.Трауми од детство?
- Еј дај да видам какви џамлии имаш, не ти ги зимам. Пунев гаќи кога ќе ми го кажеше ова некој од постарите у маало.

4.Кој ти е прекар?
- Па ако се смета ова за прекар тогаш Коки. Друго нема.

5.Предигра или директно а?
- Пред игра... Пред гејмање.


ПРАШАЊА ОД  @KhayTeeB
1.Испцуј ме најјако што моеш, знам дека сакаш.
- Ти личам ли на некој таков? Башка одговарам на прашалник и ова е успех за мене, планирам на мајка ми да и го покажам, не е навикната на вулгарности. Ќе го оставиме тоа за на чет J

2.Најбоље пик ап лајн?
- Ако времето беше љубов, ти ќе беше вечност.

3.Дали ти е криво што више не си малолетен и не те сакам?
- Kриви се само Паланка и Бранко. Мене не ми е криво, а за сакање знам дека уште ме сакаш.

4.Те фаќа племе некое и ти викаат: или ќе ти го сечеме или реденка. Шта чеш?
- Реденка, (боље ишта него ништа) и почнуваат да се редат еден по еден ама пред мене нели пошо јебач да будем

5.Што би му кажал на Џизс?
- Џизс брат, дај од тоа светото срање башка симни са, ча паднишшш

Следна е @MarijaNaskova