Твитер прашалник @Elena__Shore
1.Име
(ник, кој ти го стави)?
Име:Елена
Ник:Сама си го стаив hehe,Shore доаѓа од Alan Shore од Boston Legal,кој гледал
знае.Shore, зашто планирам да бидам балканско женско отелотворениe на негoвиот
лик и дело,ревносно да ги бранам уставнo загарантираните права и слободи на
граѓаните, онака како што тој го брани и се повикува на првиот амандман.
2.
Опишете се (макс 140 нели)?
Еманципирана,саркастична,прекриена со финоча
алкохоличарка,ослободена од балканштината на 21 век.Ова беа 97 карактери значи
ми фалат уште 43.
3.
Зошто си на твитер?
На твитер сум за трезна да ви кажам се што сакам и не
сакам.И имам многу твитер симпатии да.
4.
Шо преставува вашиот аватар?
Мојот аватар уствари ме симболизира мене,кога сум сама
дома и твитам гола физички и психички.
5.
Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Тетка ми ме донесе. Да озбилна сум
сега.Не ме заеба, задоволна сум од дочекот и услугите.
6.
Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Твит после отварање профил.
7.
Каде сте родени?
Родена во болница, а
зачната на флаша вотка и Лед Цепелин.
8.
Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Ова е најтешко прашање од прашалников јеботе.Не знам, може Бали за
максимално препородување .
А на меден,секој ден различно кај не носи Orient Express.
9.
Брак?
Бракот е преценета институција.Можеби после 29тата година од мојот
живот.
10.
Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Што знам, не
сум толку фина за да бидам куче,а не сум толку злобна да бидам мачка.Еве ќе
бидам морско коњче,за партнерот да ги
раѓа младите.
Дополнителни
прашања
1.Како
си?
У
моментов спокојна станав сама и пијам кафе на раат.
2.Од
кога си на твитер?
Од ноември
од прошлиот година што беше па се до сега.
3.Каде
искачаш у Скопје?
Ќе ме најдете у чаршија,најчесто у Менада на шанк.
4. Омилен филм?
Pulp Fiction се разбира.
5.
Каде има најбоља пица ?
Ако сакате frutti di mare,бившо Фуфо,a ако сакате
капри Gino или Red Caffe.И мојата секако,
ако е со купечко тесто.
Прашања
од @NikasInParis
1. Дали сеуште мислиш дека Дона ќе те сака после импресиите
на @IvGj и @KhayTeeB?
Не
мислам тврдам, нема куче што не ме сака ,пред неколку дена едно сакаше и секс
да има со мене.Мислам дека ти се плашиш дека ќе ја изгубиш кладбата.Милка е
кладбата иначе,кој и да победи нема да добие милка.
2. Пофали ни се со своите миленичиња дома што си ги чувала.
Oфф
ова ќе биде долго.Првото милениче беше желката Жаки што обожаваше јагоди.После
двете водни желки Жаки и Мила пар беа иначе,па папагалчето Рико што гасеше игри
на тастатура, па папагалчето Ристо кој живееше 10 години и почина претходната
недела,еве овој прашалник на него е посветен :( Иначе имам чувано риби
самоубици,був на 3 саати,мравки и штипалки у аквариум и 3 лабрадори кај баба во
двор.
3. Дали планираш на секој нареден твитАп да касниш иако ќе се затопли времето?
Јас не планирам да
каснам,нешто неиспланирано секогаш излегува,лажам родена сум со тој
деформитет.Така да, да ќе каснам, кога ќе ви кажам 10 минути дека каснам тоа се
25
. Си знаете.
4. Водка и џин, то је сада __?
А гдје су сада?
5. Кога ќе се возиме со олд-тајмерот, ретро музика, назад во времето па се’ до неповрат?
Имам олдтајмер немам возачка, се надевам не ти пречи,
сакаш сега? Е75 со сите свои крпеници ќе биде наш,музика имам спремено, времето го
вратив,ти земи флаша вотка и штека цигари.Јас те чекам со бела марама и
мачкинска наочара пред зграда
на паркинг Одри Хепберн стајл, дрес код у тој
стил само ќе те молам.И побрзај ајде, да фатиме зајдисонце.
Следна да биде @Marija______