Твитер прашалник @JumalaTuoni
1.Име (ник, кој ти го стави)?
Името го имам многу пати објаснувано, еве уште
еднаш: Се чита „Јýмала Тýони“ (ако може со финска дикција уште поарно); Јумала е врховниот бог во
финската митологија, богот на небото, а денеска овој збор во литературниот
фински јазик значи „Бог“; Туони е богот на подземјето. Мене ми текна, кој
друг ја читал Калевала?
2. Опишете се (макс 140 нели)?
Не знам дали е до мене, ама прашањево го
сфаќам како демек „фали се, ама со исав“. Епа значи да не почнувам. Не бе, се
заебавам, сеа ќе видите:
« Секогаш насмеан, оптимист, оригинален, самокритичен,
тролач, мрчатор, сакам архитектура, обожавам митологија, ја сакам Тарја
Турунен, сакам мачки, ја сакам Шпанија, зборувам шпански, успат разбирам
италијански и малку португалски ама ич ги нејќам, учам фински, по дифолт знам
англиски, а германски учам седум години нашколо ама ништо не знам. Читам книги,
гледам филмови, серии и мексиканско-американски теленовели. »
Какви 140
3. Зошто си на твитер?
За мир во светот. Се заебавам, не сум ми(ни)стер.
Да не тупам, очигледно е дека сум на Твитер оти ми е интересно. Ако има друго
место за пишување/читање глупости, кажете, таму ќе одам.
4. Шо преставува вашиот аватар?
Нашиот
аватар претставува нервно болна жена шо експлоатира саказ, ништо повеќе. Реков
„нашиот“ оти после овјавата на еден портал сите секаде си го објавија, го
иссилуваа и веќе не е уникатен и оригинален.
Реакција 1:
Реакција 2:
5. Кој ве донесе на твитер и дали ве
за*ба со тоа?
Никој, сам,
ама морам да признаам дека професорката по шпански има најголема заслуга за моето
инфилтрирање во Твитер и не се заебав, запознав многу кул луѓе. ☺
6. Ова ви е прв твит (ај да видиме,
шо ќе твитните)?
Би го
испочитувал клишето „Еве ме и мене на Твитер“... NOT. Абе
не знам, најверојатно нешто како „Еве, не знам, се зачленив во сектава“ или
„Бегајќи од една лудница, дојдов во друга“.
7. Каде сте родени?
Пф, ко божем
не се приметува дека во крвта имам повеќе олово и цинк отколку железо. Ене ја
топилница, на 500 метра ми е од дома.
8. Каде би сакале да отидете на еден
месец? А каде на меден?
Многу пати
имам размислувано на оваа тема и единственото нешто шо го имам заклучено е дека
сакам да живеам во Мадрид. Инаку, сакам да имам куќи во Хелсинки и Малага (да
не ве поправам пак, се чита Мáлага, „малáга“ во
Грција, не тука.), иглу во финскиот дел на Лапонија, викендица во Канкун и, еве
ако веќе почнав скромно, Буенос Аирес. Па ти види.
9. Брак?
Од шо мака
тоа бе?!
10. Ако реинкарнирате во животно, кое
би сакале да е?
Мачор, був или евентуално камелеон.
Дополнителни прашања
1.Оти ти е толку нервозен аватарот?
За да те
изнервира и да речеш „Чим јас се нервирам еве РТ и другите нека се изнервираат“.
2.Дали?
Салвадор?
Омилен.
3.Кој е најбољи архитект на ТЛ?
Без размислување,
@Architweetka.
4.Зошто не беше на Балашевиќ?
Оти поубаво
ми е да спијам дома.
5.Ај постави си прашање и одговори го?
Извини,
немам профил на Аск.
Прашања од @podochnjak
1. Како архитект дали има да се пофали
со некое дело ?
Хахах, далеку
сум од архитект, ама добро, имам и не се баш за фалење.
2. Кога ќе го патентира кондомот со вкус
на кафетин?
Во тек е
процедурата, издржете уште малку.
3. Што мисли за кризата во шпанија и тоа
како германија и "помага"
Немаат потреба од ничија помош и, колку што знам, неколку пати ја имаат одбиено
понудената германска „помош“. Во Шпанија кралското семејство е тоа шо се подбива
со народот. Додека луѓето во Шпанија се невработени, некои немаат шо да јадат, разменуваат
огромни вили покрај плажа за една лиценца за возење такси, кралот Хуан Карлос I де
Борбон оди во Африка да лови слонови, а во Шпанија зет му и ќерка му крадат. Укинување
на монархијата може да биде добро решение за излез од кризата и ред други
проблеми.
4.
Kога ќе го смениш аватарот?
Никогаш, па
ни тогаш.
Екстра прашање
1. Дали мислиш дека ќе станеш македонскиот le corbusier и зошто не?
Не, затоа
што ќе станам вториот Антонио Гауди кога ќе отидам во Шпанија. #хехе #xexe (Not sure дали се доволни овие две или треба
уште две-три.)
2. Повеќе ебе или се бања? #хехе
Отсечно „Се
бањам“ и не ми отварајте болни теми, фала.
@Architweetka.