Sunday, April 14, 2013

Твитер прашалник @ordanoskiv

Твитер прашалник @ordanoskiv 


1. Име (ник, кој ти го стави)?
Името ми е Ванчо Орданоски (без „в“), а никот, многу инвентивно и обратно, ordanoskiv.
Од страна на мајка ми сум од Источна Македонија (ова „Источна“ наскоро ќе претрпи измени, осеќам. „Горна Источна?“), па името ми е тамошно...
А поради прилепчанецот -- татко ми, цел живот кога ме прашуваат да ми го запишат презимето, морам да го додавам она „без в“. Освен во Прилеп.
За да дотупам со имево, со тоа „без в“ имам и среќа, бидејќи така докажувам дека, чувај боже, не сум во роднинска врска со Роберт ОрданоВски, директорот на АЕК. Мада, некои што не знаат за ова, ми бараа врски за таму -- можев да им земам пари за мито, да си ги задржам и после да го обвинам Роберт колку е педер...

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Програмер. Тоа сум, тоа ќе бидам. Гомнојадец у слободно време. Сакам да се мешам кај што не ми е место. Со годиниве, станав и циник, немам многу доверба во луѓето, а тоа го научив на многу тешки и скапи начини. Јако, сопствено финансирано улично школо.
3. Зошто си на твитер?
Уствари, не сум ја некој изрод. Гомнојадци сме генетски, у фамилија, све скрибомани... дедо ми, брат ми...
Ако фатам да анализирам, ми се допаѓа тоа што на Твитер мораш да се помачиш за да изразиш кохерентна мисла со толку малку букви. Веројатно и тоа програмерчето што чучи у мене има влијание на ова, бидејќи програмирањето е слично по концепт: прво мисли, па пишуј!
Од друга страна, на Твитер запознав многу паметни луѓе за кои не знаев дека постојат. Уствари, не ги познавам, ама ги запознав. Кога више правам муабет со потполни странци, барем нека се паметни, ако више не сум сигурен дали се сериски убијци.

4. Шо преставува вашиот аватар?
После серија од лоши слики (убав сум на мајка, али не сум фотогеничен), турив една сива силуета. Имаше некои ...кхм... непријатни пораки поради моето лаење на Твитер, па тоа сега добро ми доаѓа да не ме препознае на улица и да ми учука  бокс у фаца некој запален вемеревец.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
За све е крив оној @darko156! Поради бројките у никот, требаше одма да погодам дека е пролупан андроид кој има курцшлус у позитронскиот мозок и сега мисија му е да заебува и довлечкува луѓе на Твитер!
Ме заеба, како не! Сега, у слободно време, уместо среќно да си буљам у ѕид и да лигавам на едната страна, твитам!

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Здраво! Моето име е Ванчо Орданоски, а ова околу мене е црно-бел свет...

7. Каде сте родени?
Роден сум во Куманово. И, пред да ме прашате „баш у Куманово?“, да -- во центарот на Куманово, на ул. Панче Пешев (на шо ви личам, на сељак?). Татко ми, стоматолог во тогашната ЈНА, таму бил на служба.
Но, многу брзо сме се доселиле во Скопје, па себеси се сметам за скопјанец. Иако многу сакам да ги тролам провинцијалците (кои, за викенд, со лопатите идат на „излет“ во своите родни места), со неочекуван пресврт на суровата судбина -- барем технички, и јас сум еден од нив.
У странски јазици, ставам дека разбирам кумановски, ама слабо го зборам.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Два пати тргав (и стигав) до Нов Зеланд, за да се отселам таму. Третиот пат ќе биде на Кариби, каде што ќе си отворам бар на песочна плажа, и нема да се вратам ни по месец дена. Веќе имам два броја поголема, шарена хавајка, wayfarer реј-банки, сламен шешир и апостолки (едната поткината)...
Што се однесува до меден месец, женет сум веќе 26 години, па сеа повторно да се подвргнувам на трауми, ми забранија докторите. Меден месец е преценет, барем у името...

9. Брак?
Како што реков, веќе 26 години. Само нешто мрчам за бракот, а всушност -- два дена да не ми се дома моите, станувам нервозен, буљам у празно, ги карам мачорот и папагалот, ме јаде нервоза и им телефонирам по 10 пати на саат. Зашто, садовите у умивалник нема сами да се измијат!

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Мачор, дефинитивно. Го гледам мојон мачор Марко - апсолутно не го боли за ништо, ни за нас, газдите. Ако му треба нешто, доаѓа, ако не -- не нѐ врти ни два посто.
Цел живот угодувам некому, се потресуем дали некој ќе се навреди, дали сум фер, дали сум внимателен... Е па, у следниот живот -- НЕМА!

Дополнителни прашања


1. Колку време можиш да седиш на терасата у Претор и да гледаш кон езерото?
Ааах, Преспа! Се смеам као кретен штом ќе ја споменам! Немам никој од тој крај, ниту значаен имот, само викендичката во Претор.
Но, Преспа ми е примарниот генератор за здебелување на живци. Не знам дали во прашање е тишината, езерото, свежиот воздух кој се спушта од Баба Планина и во лето мириса на мискоина, незагадената околина, ѕвезденото небо, нескриено од светлина на градот, или летната успореност на животот...
Лани бев 48 дена, оваа година без полни 60 не се враќам!
(Инаку, правам мала превара: таму имам комплетен оддалечен офис и врски со сите наши сервери. Така што, мојата прва љубов - работата, не останува напуштена)

2. Едно време се откажа од твитер?
Комбинација на презаситеност, „фрикција“ со одредени политички групи, работни обврски, и -- пукна линкот со Твитер! Ми се заарни, после ми требаше свесен напор да се вратам...

3. Зошто немаш ФБ ,па да споделуваш срцепарајуќи слики?
Најбеспотребната, залудна, испразна и џаболебарска работа на светот е Фејсбук.
Кога бев петто одделение, пред мнооогу години, правевме споменари. Сега, на старо, пак да почнам - нема.
Убеден сум дека Фејсбук е за 15-годишни адолесценти -- тинејџерки на кои слабо им иде у школо и им проработиле хормоните. За сите останати е смешно што се таму.

4. Со кој спорт се занимаваш ?
Едно време активно тренирав скијање. Ама, откако ми се помести тежиштето накај половината, и почнав многу лесно да забрзувам на удолница, се откажав од тоа.
Се брои што никаде не одам со лифт? (имам благ случај на клаустрофобија).

5. Голи у седло?
Ах! Мотори! Ако се качиш гол у седло у сред лето, ќе напраиш пржени јајца! :)
Моторџиството е повеќе начин на размислување одошто само машина и човек. Слобода на движење, ветар у коса, три титаниумски штрафа у надлактица (после едно несреќно паѓање), сето тоа е дел од тој живот. Додека можам да држам рамнотежа, ќе бидам (облечен) у седло!

Прашања од @oletweet
1. Кога и каде се утна работава во земјава; имаше ли шанса патот да биде поинаков?
Никогаш сме немале шанса, а уште помалку од '92 наваму. Како малите ромчиња кога ќе се родат во Шутка, на кои околината не им дава никаква шанса да станат нешто освен стоење на раскрсница со рачето за просење. Ниту самите си ги создаваме шансите, ниту некој ќе ни ги даде.
Македонија секогаш, историски, била место за поткусурување, дел од јадниот Балкан, гледана со потценување и недоверба. Папок на светот, како да не...
Од внатре, жртви на сопствените водачи (море, „водачи“, во наводници), ситни преваранти, селски јајари што крадат јајца од под кокошките, шарлатани, самобендисани неоткриени диктатоwчиња...
Им се восхитувам на Израелците (колку и да се контроверзни последниве години). Нивната желба и нагон за самоодржување, единството и подготвеноста да истрпат сѐ, да загинат ако треба... Опкружени со непријатели во три слоја околу нив, опстануваат сите овие години.

2. Ти си сопственик на бизнис долги години, и од прва рака можеш да оцениш како е да се биде приватник без книшка со лавче. Можеш ли да дадеш совет како да опстанат деловно сличните на тебе во целосно партизирана економија?
Бидејќи сум сериски претприемач, мислам дека сум видел сѐ што може да се види и искуси. Као оној на Дискавери, што го спуштаат у џунгла со едно чкорче и лева пертла, научив да ги преживувам сите преварантски потези на сите влади, не само оваа.
Оваа, додуша, у крадење, лажење, мамење и криминал, ги тепа сите други заедно, топтан.
Совет -- немам. Како да дадам совет кога ни за сопствените бизниси не знам до кога и како ќе преживеат? Мито не давам, партиска книшка немам, „доброволни“ донации на политичари не вршиме.
Работа, работа, работа... надеж дека ќе се продаде нешто, дека следниот месец или година ќе биде подобро.  Сепак, не се откажувам, се трудам да иновираме, да бидеме на врвот на играта, први и најдобри.
Некни читав за филозофијата на Амазон, поточно, на Џеф Безос, неговиот газда: Тие намерно ги намалуваат цените до граница на издржливост, иако им оди одлично. Со тоа, се тераат да иновираат, да даваат повеќе и да бидат агилни. Добар совет.

3. Дали лесно би ја поддржал одлуката на твојот син да замине за секогаш, и преку Интернет или ретки средби да ги гледаш внуците како растат далеку од тебе?
Поддржал или не -- ако реши, ќе направам сѐ за да му помогнам. На кого ќе остане сето ова што го градам, не знам.
Но, конкретно син ми, има сосема спротивно мислење за одењето во странство. Белким ќе го држи..

4. Дали некогаш во животот си заплакал и зошто? Со ова прашање не го навредувам твојот мачо имиџ, туку те гаѓам во богатата емоционална заднина, што сакал ти или нејќел, суптилно сум ја регистрирала.
Немам проблем со мачизам! Некни ми потекоа солзи кога на типчето му ја поправија колата у една серија на Дискавери...
Уствари, поправо ќе проплачам на такво нешто, одошто кога ми е навистина тешко, не ми оди, или сум доживеал неправда. Тогаш, стегам заби и како воле туркам напред, не дозволувајќи друг да влијае на мене.

5. Ако решиш да направиш интимна журка за паметење, со малку луѓе, кои и какви се тие кои би биле поканети?
Во секој случај, нема да изостанат моите драги пријатели Сашо (брат ми, кој ми е прво пријател, па брат), Пеѓа, Ѓунер... Партнерот Бранко, со кој сме поише заедно него што сме со жените (и не, не ми е таков партнер, ортак ми е, ме умреа од заебанции!).
Секако би те поканил и тебе, @oletweet, за конечно да те запознаам во живо. Веќе се знаеме кој што мисли, но убаво би било и ликовите да си ги знаеме, да не се опцуеме на улица ако се судриме. :)
Ми се оди на некое убаво место, со џез-оркестар (но со брас-линија), пеачка-црнкиња со кадифен глас, ама да е дозволено пушење (џабе ми стои колекцијата пури). Такво нема овде, ќе мораме некаде во Њу Орлеанс. Скапо ќе биде, но парите се најневажната работа во светот!