Sunday, April 21, 2013

Твитер прашалник @BokoLoco


Твитер прашалник @BokoLoco 
1.Име (ник, кој ти го стави)?
Име: Борис, ник: Боко Локо, никот потекнува од основно кога сите ме викаа Борче, а пошо не сакав да ме викаат Борче и имаше друг Борис шо го викаа Боко, па му го украдов прекарот (ама не крадам твитови, нели). А Локо ми беше за мсн, пошо се римува(6то одделение, јбг).

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Фин, амбициозен дечко, со вечна потрага по женска.

3. Зошто си на твитер?
Прво, за да делувам некако на општеството. После #Жерновски се докажа дека и ние имаме некаков удел.
Второ, зашто твитер е посоцијална мрежа од Фејсбук. Тука си запознавам луѓе, а и со причина(види погорно прашање), ама пошо не ми успева, останувам за дружбата.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Мојот аватар претставува единствената убава слика што искочила од мене. Добро де, втората убава, ама и претходната беше иста.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
На твитер се донесов сам, бог знае што ме натера да дојдам, па се решив да прекинам. Едно време бев неактивен, па @EliSlonce ме инспирираше да се вратам и воопшто не ме заеба со тоа J

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Има секс тука, или да си бегам?

7. Каде сте родени?
Роден сум во болница. За жал нема поинтересна приказна за моето рождение.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би сакал да отидам во Дубаи, чисто да видам како е некој град да оди напред наместо назад, а за меден во Венеција, да поминам со љубената под мостот на вљубените.

9. Брак?
Таму, после 26 (за 7 години)

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Би сакал да се реинкарнирам во некој друг реалм како феникс и цело време така да си се реинкарнирам. 

Дополнителни прашања
1.Колку души те имат блокирано на твитер?  
Еден, ама ме одблокира веќе.

2.Кај се гледаш за 10 години?
Или тука или во САД, зависи како и дали ќе тргне работата тука.

3. Зошто магарето рика?
Зашто сака да се слика.
4. Ако е кисела вода ,каква е?
Газирана.

5. Ако животот ти е филм, како му е насловот?
Пат околу компјутерот за 18 саати.


Прашања од @Architweetka
1. Дали ти е идол Пупе Кељавиот од Мичурин?
Не ми е идол, ама многу сакам да одам лево десно.

2. Со @NikasInParis си делите се, дали си делите и твитови?
Не си делиме твитови, ама во почетокот му давав сугестии како/што да твита и какви хаштагови да користи. Се другото си е негово J

3. Дали би сакал да се вработиш во црквичките во аеродром?
Не ми текнало на тоа. Добар бизнис е црквата, може и службен џип ќе ми дадат. Хм...

4. Си имал ли секс на клупите во аеродром и зашто не?
Не, затоа што порадо би си ја однел дома, нели, тука сум.

5. Дали си ќарил девојче со некој твој твит?
Не. За жал само со фејсбукџики сум искачал и не ми го сфаќале хуморот.

6. Кажи дали понудата важи?
Да.