Твитер прашалник @darjanr
Името и првата
буква од презимето. Сметав дека е битно да стоиш зад своите ставови со име и
презиме.
2. Опишете се (макс 140 нели)?
Од дете сум знаел
да се опишам на 30 години. Сега кога имам толку, врска неам.
3. Зошто си на твитер?
Имав слободно
време на претек и мањак социјален живот. Карта у еден правец за на твитер.
4. Шо преставува вашиот аватар?
Едина фаца што
може да ја направи трезен човек на роѓенден.
5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Па,
Даре и Сеад беа пионири, отворив акаунт поодамна ама седеше така док не почнав
и ја да седам дома. Далеку од тоа дека сум се заебал, еден куп нови познанства
со добри личности, многу интересни дешавки, прилично убав период во секоја
смисла.
6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Во стомакот на
Циле трите прасиња се скриле.
7. Каде сте родени?
Во
Скопје. Во едно поинакво Скопје, со многу поприродна хиерархија на вредности,
со многу побогат маалски живот, со многу повеќе зелени кајсии за крадење.
Скопје кое уште како деца не учеше дека улиците се наши и се што ни треба за
тоа е парче цигла и невешто нацртани полиња за серва.
8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на
меден?
Монголија
или Аргентина на месец, на меден било каде, важно е со кој си а не дека реално
на Куба топ ќе си поминете, а у викендица у Берово ќе се закољете четвртиот ден
за кој филм да го глеате.
Многу
често е бегство од сите последици кои ги носи слободата, со кои тешко дека би
можеле да се соочиме. Идеално би било да можеш да се носиш со последиците, а да
се откажеш од привилегиите на слободата во име на љубовта. Уште се караме дали
сум у првите или вторите, и на добар пат сум да завршам со третите.
10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Што знам, некако
поише ми се свиѓа домашнава есхатологија.
Дополнителни прашања
1. Лепиш ли пари по певаљки ?
На музика давам,
ама не како порано. На певаљки не. Жадиња никој не спомна. Жадиња, човече.
2. Шо му фале на Стење?
Му
фали млада екипа, останавме само пали борци. Му фали никој да не си иде од
свирка на шанк иако почнале да спружаат пешкири на плажа, му фали забавата со
бабите од Словенија, му фали некој да ја земе педалинката и на изгрејсонце да
заврти гол накај средезеро, му фали некој да го разбуди Коле Мангата у 5 од под
шанкот и да му побара две дрини за него и девојчето, му фали некој да го бара
Дудуљот у 3 за да му ја извлече колата од песокот со тракторот пошто ги утнал
трагите во ноќта без месечина. Годините што ги имавме му фалат ваљда. Свашта
нешто му фали, а пак е најубаво, маму му ебем.
3. Може ли нешто да се научи од Твитер?
Многу
може да се научи. Мислам дека ништо у животот не е само по себе добро или лошо
– начинот на кој му пристапуваме го дефинира крајниот исход. Малку е лошо што
повеќе може да се научи како не треба, отколку како треба ама еј, и тоа е
некакво школо.
4.Омилена песна?
Неделава оваа:
5.Едно време секоа недела пишуваше песни?
Бегај
брат, пишував патетично као Балашевиќ у ПМС. Пишував коа ќе ми дојдеше тешко и
морав да го извадам некако. Ваљда ми било ок чим не сум пишувал. Ми дојде
периодов малце да бидам искрен, ама среќа го читам Дарко и сваќам кај треба да
брцнеш за да извадиш нешто добро и страв ми е, не ми се иде таму. Дај уште
еднаш за бракот прашањето
Прашања од @mila_la
1.Обична или чоколадна баклава?
Знаеш што друго се
сече у баклава? Ѓомлезе, и мислам дека треба да и кажеш на Тодорка да направи.
2. Како единствен студент што тема на магистерски му била
турбофок, може ли подетално да ни го објасниш чувството и од каде иснпирација?
Тогаш
бев уште во некакви академски води, и многу ми сметаше тој некој препариран
елитизам кој се базираше на ударање по самарот наместо по магарето. Имаше многу
недоследности во критиката на турбофолкот не само на ниво на неформален муабет,
туку и на теоретско ниво, па начекав простор да пишувам за нешто што стварно ме
интересира. Сега ми е малце страв да ја препрочитам, мада тоа што ја бранев кај
Џепаровски ме теши дека не е тотална утка.
3. Што би сменил во Скопје, доколку си градоначалник?
Би
пробал да го сменам паланечкиот дух, кој последниве години си доби и официјална
идеологија. Скопје 2014 е целосен триумф на таа идеологија. Ч`чкање све на едно
место, на куп, бележење територии, бележење луѓе, креирање унифициран наратив
кој на највулгарен начин гази преку сите они индивидуални приказни,
индивидуални начини на толкување, живеење на градот кои беа негово најголемо
богатство. Поетиката на индивидуалното ја прави паланката град, а поетиката на
колективното го прави градот паланка. Нема врска кој од кај дошол.
4. Чии мемоари повеќе би сакал да ги читаш, На Васиљ или на Соте?
На Соте, Соте е многу покомплексна личност и коа би бил отворен и искрен како што само он знае да биде, верувам дека тоа би било фантастично четиво. Колку и да е копито понекад, таа отвореност ме прави слаб на него. На Бабата секој статус му е мемоар, така што неговите ги читам секој ден.
5. Дали имаш ролмодел и кој ти е?
Неам.
Тоа размишљав скоро, нашата генерација е генерација без ментор, и тоа е
прилично заебано пошто се осеќа дека некад толку многу ни фали некој да не
повлече малце напред и да ни го утапка патот. Од друга страна, тоа прилично не
исчеличи ваљда, иако можда на некој патолошки начин, ама па уште сме тука и тоа
е нешто на што треба да сме горди и нешто што е одлична основа за една нова
преосмислена солидарност.
Следен би бил @GoranASRoma