Tuesday, April 16, 2013

Твитер прашалник @imedime

Твитер прашалник @imedime 

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Со ИмеДиме ја изгубив невиноста на интернет – така ми гласеше првиот меил а и да се разбереме, дете бев, од Аеродром и мораше нешо раперско со рима да има у све... и не, не го слушам Слаткар!

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
Висок, совршен, дипломиран, со завидни манири, човек со репутација... или ко шо би ме нарекле центарци – сељак од Аеродром 

3. Зошто си на твитер?
Познат ко мрчатор и вечен поборник за правата на менталните, сфатив дека твитерот е вистинското место каде што можам да мудрувам, се натегам, смеам и дерам во рок од 2 минути, а без притоа некој да ми викне жолто комбе или закаже психијатриски преглед.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Од светото тројство во Аеродром помеѓу кое се Параклисите (црквите) и Фонтаните, ја се избрав за формалното токсидо т.е. Тренерката

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
У прва на факултет асистентот ми кажа – „Или ќе имаш профил на сите социјални мрежи или ќе паднеш по предметов!“ и би Диме да отвори твитер! Фала му на асистентот, не за 10ката колку за тоа шо ме тури тука J

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Пазењето е мајка на добивањето, Durex likes this J

7. Каде сте родени?
Во Скопје, во Државна, на трети спрат, соба 304, сум почнал да искачам у собата па брзо ме префрлиле у операциона, ама по документи важам за роден у ходник. 

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би идел во Паралелен универзум, чисто да сум обратниот јас на кратко а на меден месец, на пуст остров кој има меѓу палмите и шума (по можност борова) каде што медот е најубав! 

9. Брак?
Како што би испеал македонскиот Бочели – Мартин Вучиќ „Рано ми е да се врзам“ па не ни размислувам за тоа... а коа би се решил за таа клетва, тогаш сигурно ќе биде после 30та година од животот (освен ако не е договорен брак за зелена карта и државјанство)

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Тоа што сум во хороскоп – Скорпија, само женски род, пошо го јадат мажјакот после секс J

Дополнителни прашања
1.Каква музика слушаш?  
Покрај америчките гзо-треси, црнечките ха-це рапови, македонските евергрини, ги обожавам и нашите од 95’ па све до 2002-3 хитови ко Ерзана, Мелани, Куку Леле и Роберт Пирнер – Тоа го иам докажано со мојот канал на YouTube кој исто е @imedime (PLS SUBSCRIBE #хехе)



2. Без шо не можеш да живееш?
Без три работи – (Не ХИВ) позитивни луѓе околу мене, 7ца сендвичарата и примена на #димЕротика во пракса

3.Бех сас козите?
(продолжуе од прашањето)...во Ванила, ама само еднаш. Поише практикувам да сум сас овците, не за џабе иам машинка за стрижење (жмиг)

4.Наслов на филм шо го опишува твојот живот?  
Пајо паторот , облечен у тренерки и нормално пошо се е нереално, мора да е анимиран



5.Шо би одбрал моќ да читаш мисли или да си невидлив?
Кај и да е ќе се појави апликација на Андроид за читање мисли а Хари Потер беше невидлив а па не глеаше сјајно дечкото... така да би сакал да сум третото – Сабина или у најмала рука Иван Исцелител

Прашања од @TaskaBalabanova
1. Пошто никоj не прашува како си еве ja. Арен?
Арен, арен ко грав (без запршка) варен

2. Koja ти е идол, Накова или Хелена Роза?
Накова веќе ме дружи на фб а Хелена изглеа нема Confirm Friend Request дугме. Иако сеуште е недостапна за социјално пријателство, ѕвездата на идното шоу „Танцот на Шипката“ ми е идол Точно# Така е# Хехе#

3. Дали некогаш си дошол на договорено кафе и зошто не?
Многу ретко доаѓам на договорени места и однапред испланирани средби. Фетиш ми е да се појавувам изненадно, по тренерка, во темни влезови и улици... едноставно сакам спонтаност!

4. Што кога тренерките ти се на перењe?
Добро е што тренерките ги перам во недела а гаќите во среда. Машкоста останува скриена во гаќите во недела а се манда обично во тренерка во среда – среќен ден!

5. Дали сеуште ja сакаш @MolimLepo?
Не, не, не ја сакам, јас ја ОБОЖАВАМ – Лоповот Владо Јаневски ми ја украде оваа мисла и напраи хит