Твитер прашалник @podochnjak
1.Име (ник, кој ти го стави)?
никот ми е трет и трета среќа
сите
другари (иначе никој нема твитер од нив) од кога направив твитер ме прашуваа
што ти се толкави подочњаците, а тоа уствари да ми било од твитање трета смена,
па така се пронајдов во никот „подочњак“ кој совршено ми одговараше.
Плус никогаш
не плачам, па поради тоа солзите немаат каде да истекуваат па се собираат во
моите подочњаци и истите ми отекуваат
2. Опишете се (макс 140 нели)?
3. Зошто си на твитер?
на
твитер сум затоа што ми е многу забавно и ми го подмладува духот
Обожавам
да ја играм играта со фавстарот, зашто многу ми е интересна и ги жалам на некој
начин тие што твитерот го разбираат преозбилно и не ја играат оваа игра
4. Шо преставува вашиот аватар?
Аватарот
ми е како замислено гледам некој документарец на дискавери и се чешкам за увото,
претставува состојба во која ич уво не ме боли што твитам и што читам на
тајмлајн, демек
Аватарот
го сменив едно десет пати, ама овој ќе ми потрае подолго, се надеваме
5. Кој ве донесе на твитер и дали ве
за*ба со тоа?
сам се
заебав и сам си се донесов на твитер, а и за да избегам од женами која е главна
на фејсбук
6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо
ќе твитните)?
за што
служи табот конект стварно не разбирам, молам РТ
7. Каде сте родени?
Роден
во Скопје во гинекологија Чаир, требало да се родам на 29 ноември ама затоа што
баш тој ден било државен празник на Југославија ме извадиле насилно на 28 ноември
8. Каде би сакале да отидете на еден
месец? А каде на меден?
На
еден месец би сакал да одам кај што си одам секое лето во село Магарево на
Пелистер и пропратно во Претор, а на меден би отишол во Санкт Петерсбург еден
од најубавите и најроманитчни градови за мене
9. Брак?
Во
брак сум цели седум години, а бурмите шест години ни едниот ни другиот повеќе
не ги носиме.
верувам
во љубов, бракот е само една ограничувачка рамка на љубовта која треба да биде
ослободена од секакви рамки
10. Ако се реинкарнирате во животно,
кое би сакале да е?
Би
сакал да се реинкарнирам во делфин, слободно да пливам по морските широчини и
длабичини, да ловам и да зашеметувам „РИБИ“ со ехо локација и да си играм со
меури
Дополнителни прашања
1.Од каде потекнуваш по баби и
дедовци?
Пола
битолчанец по мајка, четврт кавадарчанец и четврт велешанец по татко
Се
чувствувам како цел скопјанец, парадокс нели?
2.Омилена пица?
Омилена
пица ми е кога ќе си нарачам дома, зашто кога ќе отидам со децава на пица хаос
ги правиме сите пицерии и воопшто не е забавно
(на
кафе зашто на пица немам време да сликам)
3.Број на кондури?
ретко
носам кондури, ама кога носам 44 ми се најудобни
4.Фармерки или тренерки?
тренерки
за по дома, фармерки за надвор.
дури и
децата на лулашки кога ги носам носам фармерки, прав аеродромски хипстер сум.
Жена
ми иначе ја зедов во аеродром како бегалка од карпош и сега не соблака
тренерки, дури и на работа оди со тренерки понекогаш, така да митот за
тренерките и аеродром не е ништо друго освен мит според мене
5.Каде за мајот?
овој
мај планирам да одам во село Магарево едно седум дена, убаво ми се спои со
велигден па нема да одам на работа, без твитер, без телевизор, само на чист
воздух
ПРАШАЊА
од @MarijaNaskova
1.Зошто на секое кафе откажуваш во 5 до 12 и лажеш дека ти дошле роднини?
1.Зошто на секое кафе откажуваш во 5 до 12 и лажеш дека ти дошле роднини?
Абе
како да ти кажам не бев бањат, а женами од љубомора ми го исклучила бојлерот,
се зезам кумот ми беше на гости тој ден и не му текна да си оди, тек у
дванаесет саат си отиде
(еве
тука на афтер парти уште сме на тооооо)
2.Колку си Аеродромец?
Аеродромец
сум од второ одделение, до тогаш живеев во тафталиџе.
Прав аеродромец
сум уште од почетоците на „пирамида“ не пропуштав ни тренинг на МЗТ уште од
времето на Марк Дин, Перо Блажевски, Књазев, Врбица Стефанов...
3. Сега оној твитот со разликата
помеѓу сељак и селанец не ми е јасен. За какви важиме ние Аеродромците?
Има
аеродромци луѓе и аеродромци сељаци колку и другите „граѓани“ на Скопје,
повеќето дојдени од провинција, плукаме по улица, пцуеме, брцаме во нос на
семафор, не застануваме на пешачки, фрламе ѓубре кај стигнеме, се паркираме по
тротоари, фрламе ѓубре од тераса и останати сељачизми кои ги употрбуваме...
4.Која трогателна случка во животот те
натера да бидеш Чиз, а не Сир(сирење на српски)?
Јадев
еден чизкејк на почетоците на мојата твитер кариера па така се пишав.
Потоа
сите женски што ми пишуваа во ДМ ме викаа нагалено Чиз и да ти кажам искрено
ептем ми се допадна името Чиз, затоа тоа ќе си биде константа на мојот твитер
профил, а само презимето ќе си го менувам
5.Дали тебе хоби во животот ти е да
менуваш аватари, и зошто не? Нареден да ти биде со цела фаца, не малолетна.
Овој
аватар ме и од пред 4 години и е најстар кој досега сум го ставил, претходните
беа стари година до две, иначе аватар менував според расположение али овој ќе
го задржам некое време некако среќа ми носи