Thursday, April 11, 2013

Твитер прашалник @EllenaDsk

Твитер прашалник @EllenaDsk

1.Име (ник, кој ти го стави)?
-  ellenadsk го користам за сите небитни usernames (да бе, во прв момент и Твитер го сметав за небитен). Иначе, името, кумот е крив.

2. Опишете се (макс 140 нели)?  
- Женско на Електро, еве веќе 5та година, ама бркови не ми никнаа. :( А целев кон изглед како на сликата.

3. Зошто си на твитер?
- @IceManAndov и @Srbak викаа дека е јако, па ај да видам и јас што чудо е тоа.

4. Шо преставува вашиот аватар?
- Јас, во славните денови.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
- Најкрив е @IceManAndov, нели. Не ме зае*а, бидејќи си ја извежбав навигацијата, пешачејќи и гледајќи цело време во мобилниот.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
- Кои сте вие бе? Што се овие мајмунов и тарабава горе?

7. Каде сте родени?
- На гинеколошко-акушерското одделение во болница во Велес.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- Би ги прошетала сите земји од Скандинавија. А меден, не, алергична сум на полен.

9. Брак?
- Може бе, ако има јунак што ќе се осмели да се заколне на заеднички живот со мене.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
- Оти се плашам од пердувести летечки створови, нека се реинкарнирам, еве во гулаб (и тоа со локни). Па да видам што значи да ја плашиш ЕлленаДск. 


Дополнителни прашања
1.Дали би платила месечна претплата за твитер доколку воведат?  
Ќе побарам жиро-сметка и ќе платам со траен налог за 6 месеци однапред. Знаеш, мачење е чекањето на шалтери и пополнување ПП50-ки по 15 пати оти тетките ми го згрешиле матичниот број.

2. Шо си по професија?
- Пред се, студент, а во слободно време хаус-мајстор, хакер, менувам сијалици, поправам бушони, пребарувам на Гугл, поточно, се што мислат другите дека еден студент на ФЕИТ знае да го направи.

3. Зошто во Скопје нема дрва?
- Да ме прашаше за Велес, да знаев... Вака за Скопје...

4.Твитерџија кој би сакала да го запознаеш?  
- Повеќето си ги знаев и пред Твитер, а тие што сакав да ги запознаам, веќе ги запознав. Уствари, ја чекам уште @JustPurpling да ме пинга дека е во Мк, да истерам едно кафе со неа.

5.Колку деца би сакала да имаш?
- Бидејќи мајчинскиот инстинкт не ми е во подем, уште не можам одговорам на ова.

Прашања од  @Milan_tojsum:

1.Мачорот или твитер?
- Спам со фотографии од мачорот по Твитер, доволно фер? :)

2.Што ќе биде ако Depeche Mode го откажат концертот?
- Ќе се завијам во црно, ќе легнам во када со ладна вода, во фетусна положба и ќе почнам да плачам и ќе си ја размачкам шминката. И да, ќе ја изведам фамозната 8ца-положба на устата додека плачам (види фотос).

3.Дали се зафркна што се запиша на електро и зошто да?
- Секако дека се зафркнав Милане, ти не се зафркна?

4.Што ги поврзува Охрид и Виница??
- Па Велес, нормално, какво е ова прашање?

5.Дали си стабилна личност?
- По дефиниција, стабилна сум ако имам два пола во лева полурамнина. Ти изгледам ко да сум двополова?

-За следен, се мислев помеѓу @TrajchevskiMk, @Zmejski и @GGjero, а изборот падна на:
Џени Ферлопез @AltanDete